Крај на богатата кариера – Гримсбо заминува во легендите!

Норвешката ракометна ѕвезда после 18 години играње ракомет стави крај на својата богата кариера. Кари Алвик Гримсбо настапуваше во Ѓер со кој има договор до крајот на сезоната и по истекот ја завршува својата професионална кариера.

Последните пет години таа брани во европскиот шампион и шампион на Унгарија, Ѓер со кој ги освои последните три титули шампион на Европа, а на последниот фајнал-фор беше прогласена за МВП на турнирот. Три олимписки медали, пет светски и исто толку европски е најдобра слика за успешната кариера на Гримсбо.

Таа кариерата ја започна во 2002 година во Бјасен, а после три години стана дел и од репрезентацијата на Норвешка. Пред да пристингне во Ѓер каде што брани пет години играше и за данскиот Есбјерг.

Гримсбо освои златни медали на Олимпијадите во Пекинг 2008 година и Лондон 2016 година, додека на игрите во Рио се закити со бронзен медал. Светски шампион со Норвешка стана во 2011 и 2015 година, додека од европските првенства има пет златни медали.

Иако имаше проблеми со коленото, Норвежанката се подготвуваше за настап на Олимписките игри во Токио, но откако беа одложени таа се откажа од таа намера и стави крај на кариерата.