Кој против кого пред ЕП – комплетен распоред на пријателските натпревари на сите репрезентации

Од пред неколку дена репрезентациите што ќе играат на Европското првенство во Унгарија и Словачка започнаа со контролните натпревари, а најголем дел од нив ќе бидат одиграни од 6 до 9 јануари.

Црногорците два пати тестираа со Кувајт, Македонија еднаш со истиот ривал, а ја чека уште една проверка. Поголем дел од селекциите ќе стартуваат со подготовки на 2 јануари, па натпревари ќе играат подоцна.

Нашата селекција ја очекуваат уште две средби со Израел кој се подготвува за квалификациите за СП, додека најмногу контролни натпревари ќе одигра Полска – вкупно шест.

Чешката репрезентација веројатно ќе биде единствена без контролни натпревари што ќе игра на ЕП, а најмногу од учесниците ќе играат по две или три средби. Европското првенство стартува на 13 јануари во пет града во Унгарија и Словачка.