Кој е „црна овца“ во семејството Тофт Хансен?

Добро ни се познати имињата Рене и Хенрик Тофт Хансен кои се дел од репрезентацијата на Данска, а и двајцата  до сега имаат одиграно по повеќе од 100 натправари во националниот дрес.

На нив им се придодава и помалиот брат Алан кој има настапувано за младинските категории на Данска. Жанет, најмалата сестра исто така го има носено дресот на Данса во младинските категории. Па така останува еден член од пет членото семејството Тофт-Хансен кој го нема облечено црвено-белиот дрес.

Станува збор за Мајбрит Тофт-Хансен, 27 годишната ракометарка на Виборг која сè уште не го облекла националниот дрес, а заради тоа самата себе си се нарекува „црна овца“ во ракометното семејството Тофт-Хансен.

„Отсекогаш сум имала сон да играм во црвениот дрес, но до сега не бев подготвена за тоа. Знаев дека сум во центарот на вниманието во Архус, но исто така знаев и дека ќе продолжам да се развивам на повисоко ниво доколку се преселам во Виборг. Шансите сега ми се уште поголеми да го облечам националниот дрес“, вели Мајбрит Тофт-Хансен.

Мајбрит играше четири сезозни во Архус каде што имаше голем напредок, а од 2019 година се приклучи на тимот на Виборг. Нејзиниот развој и напредок е очигледен и само е прашање на време кога ќе го облече националниот дрес. Мајбрит настапува на пикерската позиција, а сигурно има голема помош и од кого да учи бидејќи Рене и Хенрик исто така играат на истата позиција.