Коцева: Добро го познаваме Ѓорче Петров, ќе пресуди психичката подготвеност

Денеска во рамки од 4. коло од плеј-оф фазата во Женската лига ќе се сретнат екипите на Вардар и Ѓорче Петров. Двете екипи се едни од фаворитите за освојување на годинешната титула.

Избраничките на Драгана Ристова во овој дуел влегуваат со мала предност поради домашниот терен и поради трите победи во регуларниот дел од сезоната.

Средниот бек на Вардар, Бојана Коцева е убедена во победа на денешниот дерби дуел, кој „црвено-црните“ ќе го одиграат пред својата публика.

„Моите очекувања за денешниот натпревар против Ѓорче Петров се позитивни. Работевме многу активно и напорно во изминатиот период, па затоа денес очекуваме добар резултат. Играта на противникот ни е многу добра позната бидејќи имаме одиграно повеќе натпревари, кои завршија со позитивен резултат за нас. Мислам дека пресудно ќе биде физичката и психичката подготвеност на двете екипи. Се надевам на фер и коректен натпревар, па нека победи подобриот“, изјави Коцева за 24 Ракомет.

Натпреварот меѓу Вардар и Ѓорче Петров ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 17:00 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124