Костески со победничко деби за Плзен

Македонскиот интернацоналец Никола Костески имаше победничко деби за новиот негов тим во Чешка.

Составот на Плзен, каде Костески игра заедно со екс вардарецот Стефан Терзиќ, славеше на гостински терен против Ловосице со 38-32.

Десното крило од Македонија беше предводник во победата и најдобар стрелец на теренот со шест постигнати гола.

Во следното коло, Костески и Талент Плзен ќе играат на домашен терен против составот на Брно на 11 септември.