Костески се погрижи за победа на Линц

Тимот на Линц, каде што играат македонските интернационалци Горан Крстевски и Никола Костески, забележа втора победа во австрискиот шампионат.

Линц беше поуспешен на гостувањето кај составот на Грац, каде славеше со 29-35, а дел од заслугите имаше нашето десно крило.

Костески постигна пет погодоци со кои беше втор стрелец во екипата. Во следното коло Линц го чека тешко гостување кај Швац.