Костески и Митков без грешка, го однесоа Холабрун во осминафинале на австрискиот Куп

Тимот на Холабрун, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Никола Костески и Влатко Митков, обезбеди место во третата рунда од Купот на Австрија.

Холабрун славеше на гостински терен кај Воитсберг со 21-29, а триумфот беше најавен уште во првиот дел кога беше 9-15.

Двајцата Македонци немаа ниту едно промашување. Костески ги погоди сите пет шута, а Митков реализираше три од три.

Холабрун дополнително ќе го дознае ривалот во осминафиналето.