Костески го наполни голот на Спартак Москва

Тимот на Загреб, каде што настапува македонскиот интернационалец Ненад Костески,  славеше убедливо во натпреварот од 6. коло во регионалната СЕХА лига против рускиот Спартак Москва со 23-39.

Спартак допатува во хрватската престолнин со младински тим, засилен со неколку сениори, но не беше закана за тимот на Вујовиќ. Победникот беше решен уште по првиот дел кога „плинарите“ водеа со 8-21.

Најдобар стрелец во Загреб беше Валентино Равниќ со осум погодоци, додека нашиот Костески одигра одличен натпревар и постигна шест голови од осум обиди.