Корона коси во Романија, шест ракометарки на Дунареа се позитивни

Новата сезона во Романија засега не е познато кога ќе стартува бидејќи во моментов има голем број на позитивни ракометарки на тестирањата за коронавирус.

Дури шест ракометарки од тимот на Дунареа Браила се позитивни на последното тестирање и речиси е веќе сигурно дека овој клуб нема да биде во можност да настапи на четврт-финалето од Купот на Романија.

Според информации позитивни се пет ракометарки од романија, како и Бојана Милиќ од Србија. Се споменуваат и имиња на две од Романките, а станува збор за централниот бек на репрезентацијата на Романија, Мадалина Замфиреску и Анета Удриштиоју. Другите три ракометарки се Габриела Букур-Сјуч, Бјанка Тирон и Јоана Балачану.

Ракометарките пред десет дена имале направено тест и биле негативни, но пред четврт-финалето од Купот на Романија мораше нов тест. На 48 часа пред натпреварот лоши вести за Дунареа Браила така што сега на потег е Ракометната федерација на Романија.

Инаку, Дунареа Браила треба в четврток да игра против Рамницу Влчеа во четврт-финалето од Купот на Романија.