Корона вирусот пак задава проблеми: Одложија уште еден натпревар во Лигата на Европа

Бројката на натпревари од 4. коло во Лигата на Европа почна да се намалува бидејќи покрај дуелот Савехоф-Магдебург утре нема да играат и тимовите на Винтертур и Бидасоа Ирун.

Натпреварот се одлага на барање на тимот од Шпанија. Поголем дел од ракометарите на Бидасоа Ирун се позитивни на Ковид 19 и поради тоа од клубот е побарано натпреварот да биде одлоќено.

Според информациите објавени на порталот на Бидасоа Ирун повеќето од играчите се позитивни асимптоматски, но секако ќе мораат во изолација.

„Ние сме во постојан контакт со надлежните здравствени и спортски влазти за ова прашање и ќе донесеме каква било одлука што ќе се смета за неопходна“ стои во соопштението на клубот.

Од ЕХФ излегоа в пресрет и го одложија натпреварот исто како и Савехоф-Магдебург.