Кокшаров: Им благодарам на момците, денеска дадоа сè од себе

Тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров после средбата против Мешков Брест имаше причина за да биде задоволен од ракометарите, а тоа го потврди и во коментарите после средбата кога им се заблагодари за она што го направија денеска на теренот. Сите одиграа на ниво и затоа можеше да им честита за новите бодови.

„Имаме проблеми со повредени играчи. Не можевме да ја играме 6-0 одбраната која ни е најсилна страна и морвме да одиграме 5-1. Би им се заблагодарил на ракометарите кои денеска беа на теренот бидејќи до последната секунда дадоа сè од себе. Денеска одработивме одлично и заслужено дојдовме до победата“, изјави Кокшаров.

Сепак, она што денеска беше направено ќе треба да биде потврдено и утре против екипата на Војводина во СЕХА лигата, како и в сабота против Келце во мечот од 7. коло од Лигата на шампионите.