Кое е најуспешното семејство во модерниот ракомет?

Без оглед дали се браќа или сестри, сопрузи и сопруги, со текот на годините голем број ракометни смејства играат значајна улога во современиот ракомет на највисоко ниво. Но кое од овие семејства е најуспешно?

ЕХФ одреди осум ракометни семејства кои се во изборот за најдобри, а фановите можат да се вклучат во гласањето. Победникот во овој избор ќе биде познат на 28 мај до кога трае гласањето.

Првото ракометно семејство доаѓа од Франција. Јаболкото не падна подалеку од дрвото во однос најдобриот играч на светот во 1995 година, Џексон Ричарсдон бидејќи неговиот син покажува дека е исто така многу квалитетен играч. Тој ја освои Лигата на шампионите со Монпелје во 2018 година.

Второт е семејството Карабатиќ. Три пати најдобар играч на светото и трикратен одвојувач на Лигата на шампионите, Никола Карабатиќ заедно со неговиот брат Лука се дел од натпреварите за ПСЖ и репрезентацијата на Франција.

Семејството Душебаеви е трето на листата, Талант Душебаев заедно со своите два сина Алекс и Даниел се дел од шампионот на Полска, Келце. Талант има освоено голем број титули и тешко е да се најде кој пехар го нема подигнато, а неговите синови ја продолжуваат традицијата, со Шпанија станаа европски шампиони во 2018 и 2020 година. Додека Алекс со Вардар во 2017 година ја освои Лигата на шампионите.

Четврти се браќата Ентрериос, ѕвездата на Барселона, Раул и неговиот брат кој е тренер на Нант, Алберто. Тие имаат освоено пет титули во Лигата на шампионите и заедно го освоија светскиот шампионат со Шпанија во 2005 година.

Норвешките сестри близначки Катрин и Кристин Лунде се соиграчи или во клубот или во репрезентацијата во последните 20 години. Тие заеднички имаат освоено два златни медали на Олимписките игри, едно светско првенство и три европски првенства.

Шестото семејство е Кристијансен, кариерите на сестрите не се испреплетуваат многу, но тие имаа дуел на последниот завршен турнир во Лигата на шампиони за жени. Вероника со Ѓер беше поуспешна од Жанет која играше во дресот на Кристијансанд. Вероника има освоено пет медали на големите натпреварувања со Норвешка, додека нејзината сестра има одлична клупска кариера.

Гро и Ања Хамерсенг-Един се моќен пар во светот на ракометот. Пензионираното плејмејкерско дуо е заедно од 2010 година. Гро е олимписки и европски шампион, а во 2007 година беше избрана за ракометарка на годината. Ања беше МВП на Европското првенство во 2012 година.

Силје и Сана Солберг уште еден пар близначки од Норвешка. Голманката и левото крило заедно освоија медали на светските и европските превенства а имаат по 29 години. Пред нив можеби се најдобрите години од нивните кариери.

Доколку саката да гласате тоа може да го направите на следниот ЛИНК.