„Кога го тренирате тимот на вашата сопруга, воопшто немате тежок избор“

Екипата од најдобрата женска лига во Норвешка, Сола, ја предводи Стефан Стегавик кој е сопруг на поранешната вардарка Камила Херем.

Сега Херем настапува во Сола и има несекојдневна можност нејзиниот сопруг да и е тренер. Во интервју за tv2.no тие зборуваа за специфичностите од ваквата соработка.

„Мислам дека е едноставно фантастично, сега имам тренер кого барем го познавам многу добро“, рече Камила Херем.

Исто така и поранешниот ракометар Стегавик имаше само добри и пофални зборови за својата сопруга и нивната соработка.

„Таа е најдоброто лево крило во светот. Таа има свое место во тимот, ако Камила е здрава таа ќе игра и сите се согласуваат со тоа. Кога го тренирате тимот во кој игра вашата сопруга воопшто немате тежок избор“, коментираше Стегавик.

Камила Херем беше дел од женскиот тим на Вардар краток период, но потоа се врати во својата татковина и сега настапува во екипата каде што ја започна својата кариера.