Кога голманот е меѓу најдобрите стрелци…Паличка со „три од три“ против Франција (ВИДЕО)

Франција или Шведска ќе биде ривал на Шпанија во финалето на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Французите тргнаа добро на полуфиналниот двобој против скандинавците и водеа со четири гола, но кон средината на првиот дел направија пресврт.

Меѓу најдобрите стрелци по првото полувреме во шведската репрезентација е голманот Андреас Паличка со три гола од три обиди, откако сите ги постигна на празен гол.

Покрај погодоците, Паличка собра и седум интервенции, а до неколку часа пред мечот беше неизвесен…