Ковид-тестовите ќе бидат „декор“ на Мундијалот во Полска и Шведска!

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) го објави Ковид-протоколот за Светското првенство во јануари, во кој се наведува дека вакцинацијата против Ковид-19 (или сертификат за прележана болест) е услов за учество на играчите и членовите на репрезентацијата, сите претставници на ИХФ, како и новинарите, кои ќе известуваат од Мундијалот.

Сите лица кои ќе бидат во контакт со играчите (освен судиите) мора да носат маски. Со одлука на локалните власти во градовите каде што ќе се игра Мундијалот може да се воведе и навивачите да носат маски.

Ракометарите и стручните штабови на репрзентациите, како и официјалните лица на ИХФ, ќе треба да направат тестови три дена пред доаѓањето на Мундијалот, потоа на крајот на прелиминарната рунда и на крајот од главната рунда.

Светското првенство ќе се игра во четири полски града – Краков, Катовице, Гдањск и Плоцк, како и во пет шведски града – Малме, Јончепинг, Гетеборг, Кристијанштад и Стокхолм од 12 до 29 јануари.

Македонија ќе игра во Краков, а во групата се уште и селекциите на Норвешка, Холандија и Аргентина.