Клубовите губат илјадници евра – без навивачи тешко до профит

Коронавирусот на многу начини му наштети на спортот, а најмногу штета претрпеа оние клубови што имаа полни сали и голем број на гледачи на домашните натпревари.

Еден од нив е францускиот клуб Мец, кој загубил околу 320.000 евра поради потребите натпреварите да се играат без публика. Арената во Мец е со капацитет од околу 5000 седишта.

Трибините во Мец освен за натпреварите од Лигата на шампионите беа со навивачи до последно место и за француските дуели од домашното првенство минатата сезона.

Поради кризата со ковид 19, раководството на клубот одлучи да отвори фан шоп во еден од трговските центри во градот. Сопственикот на местото дозволил клубот да не наплати никакви трошоци за изнајмување.

Во фан шопот на Мец освен навивачки дресови има и голем број спортски работи кои се достапни за навивачите и сите љубители на ракометот, па барем на ваков начин, клубот ќе се обиде да го пополни буџетот за следната сезона.