Кил го доби трофејот од Бундес лигата во празна сала! (ФОТО)

Германскиот шампион Кил го доби трофејот од Бундес лигата во „Шпаркасен Арена“, но целиот настан беше организиран со мерки за заштита од коронавирусот.

Во домот на Кил кој собира повеќе од 13.000 навивачи, трибините беа празни, а сите ракометари беа со маски и ракавици, но сепак облечени во дресови.

Кога ја направија заедничката фотографија со трофејот, беа на растојание, а во салата дојдоа со тимскиот автобус.