Келце триумфално пред Вардар – Душебаев се врати на терен, Карачиќ и Кулеш не играа!

Полскиот првак Келце забележа триумф над Пјотрковија со 38-24 во осмото коло од домашниот шампионат и го задржа максималниот биланс.

Тренерот Талант Душебаев ги немаше на располагање Владислав Кулеш, кој би требало да биде подготовен за дуелот со Вардар, како и Игор Карачиќ, кој веројатно сакаше да го сочува пред гостувањето во Скопје.

Не настапи ниту левото крило Анхел Фернандез, кој имаше позитивен тест на коронавирус.

На теренот се вратија Томаш Гебала и Алекс Душебаев, кои постигнаа пет, односно два гола, а најдобар стрелец беше десното крило Аркадиуш Морито со шест погодоци.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра на 19 ноември со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.