Jim GOTTFRIDSSON (24) during the Final handball match Sweden vs Spain, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Budapest ,Hungary, 30.01.2021, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Келце со примамлива понуда за Готфридсон – му нуди 28.000 евра месечно

Според пишувањата на шведскиот весник „aftonbladet“, репрезентативецот на Шведска и член на Фленсбург, Џим Готфридсон, кој беше меѓу најзаслужните за освоениот златен медал на неговата репрезентација на Европското првенство оваа година, би можел да стане најплатен ракометар од Шведска бидејќи за неговите услуги е заинтересиран еден од најбогатите европски клубови, Келце.

Иако, Готфридсон има договор со тимот на Фленсбург до 2025 година, раководството на Келце е спремно да оди чекор подалеку, односно да му плати оштета на неговиот актуелен клуб и да го ангажира шведскиот ас од 2023 година.

Според медиумите во Шведска, месечната плата на Готфридсон во поранешниот освојувач на Лигата на шампионите е околу 19.000 евра, а во Келце би била зголемена на 28.000 евра, со што би бил најплатен ракометар од неговата земја. Готфридсон кој кој има 29 години, сѐ уште игра во одлична форма и веќе неколку сезони е носител на играта во Фленсбург.

Келце пред извесен период го ангажираше екс ракометарот на Вардар, Сташ Скубе, но потоа го продаде на Монпелје за 200.000 евра. Полскиот шампион е познат по тоа што веќе неколку сезони има ростер за комплетни два тимови, па одлучува дел од ракометарите да ги праќа на позајмица во други клубови, а дел да ги продава и да има полза од нивните трансфери.