Келце останува без главниот дефанзивец на крајот на сезоната!

Францускиот интернационалец Ромарик Гуијо на крајот на сезоната ќе си замине од полскиот шампион Келце. Тој се пресели во тимот на Талант Душебаев во текот на летото, но нема да го продолжи едногодишниот договор.

Гуијо е главниот дефанзивец во ростерот на Келце, а негова замена ќе биде неговиот некогашен соиграч од Нант, Николас Турнат, кој од лето ќе почне да го одработува тригодишниот договор.

Покрај Гуијо, заминува и Хулен Агинагалде, а замената за него ќе биде младиот полскиот репрезентативец Себастијан Качор, кој во тимот на Келце доаѓа од составот на Гдањск.

Новата дестинација на францускиот интернационалец се уште не е позната.