Карачиќ: Последниот месец повеќе зборував со селекторот отколку со сопругата

Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, денес со својата репрезентација ги стартува квалификациските натпревари за обезбедување место на Олимписките игри во Токио.

Во интервју за „Херцеговина ИН“, Карачиќ откри дека последниот месец повеќе комуницирал со селекторот Хрвоје Хорват отколку со неговата сопруга – Македонката Душица Андоновска.

„Во последниот период селекторот ме бараше повеќе пати отколку мојата сопруга. Да, многу разговаравме и ги разменивме своите размислувања. Тоа е единствениот начин да бидеме спремни за она што не очекува бидејќи искрено со два до три тренинзи до сега не треба да се очекува никакви чуда. Ситуацијата не е едноставна, но имаше и потешки“, изјави Карачиќ.

Селекцијата на Хрватска се наоѓа во квалификацискиот турнир во Монпелје. Првиот предизвик за Карачиќ и неговите соиграчи е репрезентацијата на Франција. Натпреварот се игра денес со почеток од 21:00 часот.