Карабатиќ е новиот рекордер на Олимписките игри

Ветеранот во редовите на репрезентацијата на Франција и играч кој доминираше во последните две децении во светот на ракометот, Никола Карабатиќ од денескае новиот рекордер на Олимписките игри според бројот на одиграни натпревари.

На дуелот против Бахреин тој го одигра натпреварот број 36 на Олимпијадите, а со тоа го помина легендарниот голман од Русија, Андреј Лавров кој застана на бројката од 35 настапи на игрите.

Третото место во моментов го има уште еден играч од Франција, а станува бор за Мишел Гигу, кој против Бахреин го одигра 33. натпревар. Доколку не се случи нешто непредвидено до крајот на Олимписките игри ќе има шанса да се израмни со Лавров бидејќи ќе има уште два натпревари со Франција во Токио.

Инаку, и за Карабатиќ и за Гигу ова е петта Олимпијада. Првиот настап и двајцата ветерани меѓу триколорите го имаа во 2004 година и оттогаш редовно беа на Олимписките игри. Во 2008 и 2012 година освоија златни медали, а пред пет години во Рио беа сребрени.