Како Грција изгоре во „пеколот“ во „Морача“ (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Црна Гора по пауза од девет години повторно ќе биде дел од светската ракометна мапа откако во реванш натпреварот од бараж двомечот за СП против Грција оствари убедлив триумф од 33:25, со што ја анулираше негативата од првиот натпревар, кој заврши со победа на Грција од 25:23.

Црногорците во битката со Грција беа предводени од голманот, Небојша Симиќ, и десниот бек, Бранко Вујовиќ. Симиќ блескаше меѓу стативите со 18 интервенции, додека Вујовиќ во мрежата на гостите постигна девет погодоци.

Домаќините во СЦ „Морача” имаа поддршка од околу 6000 навивачи, а најдобрите моменти од овој натпревар може да ги погледнете на видеото во продолжение….