Италија беше посилен ривал oд Турција: Поповски донесе реми за Македонија

После вчерашната победа, денеска репрезентацијата на Македонија дојде до реми на дуелот против италија со 26:26, а во двете полувремиња резултатот беше израмнет. После 12:12 на крајот од првиот дел и во вториот дел резултатот беше израмнет.

Од почетокот на средбата меѓу Македонија и Италија владееше неизвесност, а двете селекции имаа свои периоди. Италијанците поведоа со 4:1 во 4. минута, а потоа Македонија израмни на 4:4, па главно така беше цело полувреме.

Македонија првпат поведе со 21. минута кога Поповски постигна гол од пенал. До крајот од првите 30 минути се играше гол за гол, па на одмор се замина со 12:12

Вториот дел одново беше оторен со негатива. Во 40. минута Италија беше во водство од 19:15, а во 43. минута имаше највисоки 22:17. Сепак, тука следуваше серија од 4:0 за Македонија и во 51. минута резултатот беше намален на 21:22.

Во финишот се играше главно гол за гол, но во последните две минути следуваа два гола. Последниот беше на Поповски кој реализираше удар од седум метри нерешени 26:26.

МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА         26:26 (12:12)

МАКЕДОНИЈА: Томовски (9 одб.), Кизиќ (1 одб.), Велковски 1, Димитриоски 2, Костески 1, Танкоски 4, Крстевски, Кукуловски, Поповски 8, Младеновиќ, Пешевски 4, Јагуриновски 1, Маџовски 1, Димитриевски, Мишевски 3, Арсеновски.