Голем успех за КЛ7 – ќе игра во четвртфиналето на Купот на Македонија!

Во првата сезона во која екипата на КЛ7 се натпреварува во сениорска конкуренција, избори место во четвртфиналето на Купот на Македонија.

Избраниците на Андон Бошковски славеа убедливо во полуфиналето од групата 1 против Македонија Ѓорче Петров со 18-36, а во финалето кое носеше пласман во следната рунда имаа многу потежок ривал.

Составот на Јуниор Кисела Вода, кој во полуфиналето ја елиминира Риниа, му пружи силен отпор на КЛ7.

Во текот на целиот натпревар се играше најчесто гол за гол и ниту една од екипите не се одвои резултатски, а Јуниор потклекна дури во финишот кога КЛ7 ги постигна клучните погодоци за победа со 17-20.

Резултати, осминафинале Куп на Македонија:

ГРУПА 1
РИНИА М – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА
МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КЛ 7 18-36
финале ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – КЛ7 17-20

ГРУПА 2
МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – ТИКВЕШ 32-48
АЛУШОВСКИ – ПРЕСПА
финале ТИКВЕШ – АЛУШОВСКИ 41-23

ГРУПА 3
БОРЕЦ – АСТРАИОН
ВАРДАР НЕГОТИНО – КУМАНОВО 37-28
финале ВАРДАР НЕГОТИНО – АСТРАИОН 29-28

ГРУПА 4
ПАРТИЗАН – ПРИЛЕП 22-28
АЕРОДРОМ – ЈЕХОНА 34-24
финале ПРИЛЕП – АЕРОДРОМ 32-29