Исланѓаните „удрија“ по селекторот – покажува инфериорност, каква е таа беда!?

Репрезентацијата на Исланд го заврши Мундијалот во Полска и Шведска на 12.место во генералниот пласман.

Овој пласман предизвика голема разочарување во малата скандинавска земја ако се знае дека ракометарите беа испратени со големи очекувања, а прогнозите беа дека „рибарите“ ќе се вмешаат во борбата за медал.

Исланѓаните на крајот после киксот против Унгарија во групната фаза практично се простија од борбата за висок пласман, па на крајот мораа да се задоволат со 12.место.

Во вакви ситуации вината најчесто прво паѓа на селекторот, па така Гудмундур Гудмундсон се наоѓа на тапет, а критиките доаѓаат од поранешни исландски репрезентативци. Еден од нив е и Логи Геирсон кој смета дека Гудмунсон не ги исполнил очекувањата како тренер и не може да се носи со притисокот.

Гледајќи го ова првенство видливо е дека тој не може да се носи со притисокот. Не е подготвен да го носи овој тим кон победи. Не сум задоволен од начинот на кој се води репрезентацијата.Ова е најголемо разочарување до сега. Потребни ни се промени и сакам нов тренер на чело на националниот тим.

На Геирсон не му се допаѓа инфериорноста која ја покажува селекторот при анализирањето на противниците и својата репрезентација.

Не можам да ги поднесам сите оние интервјуа кои ги дава Гудмунсон и целото чуство на инфериорност кон противникот. Каква е таа беда? Не можам да верувам дека мораме да го слушаме сето тоа. Не сакам да ги слушам овие работи на следното големо натпреварување.

Сепак Геирсон ќе почека на смената на Гудмунсон бидејќи претседателот на Исландскиот ракометен сојуз нема намера одма да му даде отказ на стручњакот, бар додека не се смират страстите.

Сите се одговорни, не само селекторот. Очигледно на овој Мундијал влеговме многу оптимистично бидејќи имаме одличен тим. Мора да почекаме да се смират страстите, и нема да влеземе во разговори за промена на тренерот. Ништо не е исклучено, но прво мораме да ја процениме ситуацијата, изјави претседателот Олафсон.

Исланд го заврши Мундијалот на 12. место, откако по киксот од Унгарија заврши на 2. место во групната фаза, а во главната групна фаза се пласираше на 3. место, што не беше доволно за пласмам во четвртфиналето.