Исландски репрезентативец има тумор на грбот!

Поранешниот ракометар на Вецлар и еден од најдобрите играчи на репрезентацијата на Исланд, Кари Кристјан Кристијансон последните неколку години се бори со тумор на грбот.

Исланѓанецот засега успешно се справува со опасната болест. Пред неколку години му е отстранет голем тумор од грбот и оттогаш со помош на радиотерапија успева да ја држи болеста под контрола.

„Медицинскиот тим овде во Исланд во соработка со медицински тим во Скандинавија оценува дека ваквата состојба треба да се третира со радиотерапија. Терапијата даде навистина добар резултат и мислам дека е голема среќа што сето ова да го поминаав на овој начин“, рече Кари во гостувањето на телевизијата „St2Sport“.

Кристјансон освен овие здравствени проблеми во изминатиов период кога коронавирусот беше најактивен имаше и позитивен тест на вирусот, па мораше да биде во карантин.