Искри на теренот: Ландин одглуми удар во лице, па тргна да се пресметува со Душебаев (ВИДЕО)

Данска е првиот финалист на Мундијалот  во Полска и Шведска откако вечерва ја совлада Шпанија со 26-23. Полуфиналето изобилуваше со прекрасни ракометни моменти, голема борбеност и неизвесност, а имаше и ракометни „искри“ долу на теренот.

Еден таков момент се случи во 25.минута на првото полувреме кога Даниел Душебаев при еден зицер го погоди Никлас Ландин во рамо, (во близината на лицето). Данскиот голман најпрво падна како покосен на теренот , а потоа стана и тргна да се пресметува со Даниел Душебаев.

Во мешаницата се приклучија ракометарите од двете репрезезентации, но за среќа на крајот се добро се заврши.

Германскиот судиски пар Тобиас-Шулце по прегледување на снимката увиде дека нема удар во лицето на Ландин, па според ракометните правила натпреварот продолжи, а Даниел Душебаев не доби никаква казна.