ИН МЕМОРИАМ: Драган Силјановски (РК Металург)

Денеска екипата на Металург остана без важен член на своето раководство. Почина Претседателот на Здружението „РК Металург“, Драган Силјановски.

Металург се прости со Силјановски, кој беше долго време член на овој клуб и учествуваше во голем дел на успеси кои ги бележеа ракометарите од Автокоманда.

Претседателката на Металург, Зорица Блажевска се прости од Силјановски.

“Во името на РК МЕТАЛУРГ и во мое лично име изразувам најдлабоко сочувство до фамилијата за прераната загуба. Денес е тажен ден за нашиот колектив. Тажен ден е за мене, загубив верен соработник и пријател. Не морав да погледнам на трибините за да знам дека е тука. Неговото присуство уште долго ќе го чувствуваме. Саканите и почитуваните никогаш не умираат. Секогаш во нашето срце, Драгче!”