Интелигентно или срамно? – се сеќавате ли на најскандалозниот потег во историјата на ракометот (ВИДЕО)

Потегот на легендарниот Гунар Прокоп на мечот меѓу Хипо и Мец од Лигата на шампионите, остана запаметен како еден од најскандалозните во историјата на ракометот.

Гунар Прокоп ќе остане запаметен како еден од најголемите ракометни фанатици во историјата на женскиот ракомет. Далечната 1972 година го основаше ракометениот клуб Хипо кој е еден од најуспешните клубови во овој спорт.

Во второто коло од групата Б во Лигата на шампионите на 29 октомври 2009 година овој тим го дочека француски Мец во натпревар кој се претвори во и тоа како интересен. Иако фаворизираните домашни ракометарки водеа во поглемиот дел од натпреварот, а во еден момент имаа и три гола педност ракометарките на Мец секогаш се враќаа резултатски и успеаа да го воведат натпреварот во неизвесна завршница.

На 20 секунди пред крајот на натпреварот резултатот беше 27:27 и домаќините беа во напад, но место до веројатно победнички гол, на 12 секунди пред истекот на времето ракометарките на Хипо ја изгубија топката.

Голманката Амандин Лено ја држеше топката во раката и со брзо додавање кон крилото Светлана Огњеновиќ отвори контра за својот тим и изгледаше дека гостите ќе дојдат до победа. Но, тогаш тренерот на Хипо Гунар Прокоп влезе на терен и на седум секунди до крајот ја спречи Огњеновиќ да истрча во контра. Судиите секако веднаш го прекинаа натпреварот и досудија прекршок за гостите, а Прокоп доби црвен картон.

Додека најголемиот број љубители на ракометот беа шокирани од овој потег, Гунар Прокоп се смешкаше, а кога гостинките не постигнаа гол во преостанатото време на сите им беше јасно дека Австриецот со својот неспортски потег спречи пораз на Хипо.

Прокоп го искористи пропустот во тогашните правила кога такво нешто не се казнуваше со седмерец, тоа правило беше воведено неколку години подоцна.

Во соопштението после натпреварот Прокопо се извини и извести дека си дава оставка поради тој неспоретски потег. Челниците на ЕХФ набрзо го казнија со 45.000 евра и три години суспензија. После неговата жалба казната беше намалена на 10.000 евра и едногодишна суспензија.