„Имаше афера со колешка од тимот, знаеше да му вика на тренерот, да одбие да шутира пенал, и за инает да добие црвен картон“

Женската репрезентација на Данска под водство на Улрик Вилбек е посебна генерација на ракометарки кои беа предводени од одличен стратег. Тие во еден момент беа сопственици на златни медали од сите три најглеми натпреварувања и како такви остануваат запишани во историјата на ракометот.

Имаше многу одлични ракометарки во таа репрезентација но една и единствена е Ања Андерсен. Приказната поврзана со нејзиниот тренер Вилбек од таа генерација е многу несекојдневна и невообичаена.

Ања е од Одензе, Вилбек е роден во Тунис десет години порано. Ања започна со ракомет во Виборг, Вилбек во Вирум. Тие се споија во доцните 80-ти. Вилбек пристигнува во Виборг и токму тука започнува одличната приказна, каде тој бесконечно ќе се бори со Ања, а тука ќе ја најде сопругата на неговиот живот, Сузан Мунк Лаурицен, каде што ја создаде генерација која ќе го освои светот на ракометот.

Данска со Ања и Вилбек во 1994 година стана европски шампион во Германија. Тоа го повторија во 1996 година во Данска кога беа домаќини. Во Атланта го додадоа и олимпиското злато и една година подоцна, тие станаа светски шампиони. Тука заврши приказната затоа што Вилбек ја напушти репрезентацијата.

Тие го играа најубавиот ракомет на светот, а односот на Ања и Вилбек стана забава за сите. Таа знаеше да му викне, да излезе од игра, да одбие да шутира пенал, да направи црвен картон без причина, не се грижеше за тимот. Таа тогаш имаше љубовна афера, со соиграчката Камила Андерсен. Таа го правеше апсолутно она што го сакаше, но Вилбек беше единствениот што можеше да го извади најдоброто од неа.

Ања Андерсон беше прогласена за најдобра ракометарка на сите времиња во 1997 година. Таа подоцна го предводеше Шлагелсе од клупата до три титули во Лигата на шампионите.