„Имам за што да се борам до крајот на кариерата, сакам титула во ЛШ“

Средниот бек Алисон Пино по освојувањето на титулата на Олимписките игри, се приклучи на подготовките на новиот клуб.

Некогашната вардарка во новата сезона ќе игра за словенечкиот шампион Крим со кој потпиша договор на две сезони.

„Се уште имам за што да се борам на терените. Како со националниот тим, така и со клубот. Јас се уште немам титула во Лигата на шампионите. Се надевам дека тоа ќе го сторам до крајот на кариерата, која планирам да ја завршам во 2024 година“, вели Пино за „Ле Спортиф“.

Французинката мина една сезона со Вардар, со кој играше на првиот завршен турнир во ЛШ и го освои бронзениот медал.