ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA – ЛЕВ БЕК

По завршувањето на плеј-оф и плеј-аут фазата во Супер машката лига, веќе традиционално тимот на 24Ракомет заедно со нашите партнери, медиумски пријатели и публиката го избираме идеалниот тим на сезоната, оние најдобри ракометари кои ја одбележаа оваа сезона во македонската лига.

Единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот, 24Ракомет ќе ви овозможи и Вам, публиката, да гласате за најдобрите ракометари во сезоната, а вашите гласови ќе тежат 1/3 од конечниот избор на најдобите оваа ракометна 2021/2022.

Номинирани се по тројца ракометари на секоја позиција од кои вие можете да го одберете нaјдобриот. Покрај позицииите голман, лево и десно крило, лев, среден и десен бек, пивот, има уште две категории во изборот на 24Ракомет. Ќе можете да гласате и за тренер на сезоната во Суперлигата, како и за млад играч на сезоната.

Гласајте и изберете ги играчите кои беа најдобри оваа сезона и ќе влезат во идеалниот тим.

*Покрај гласовите од читателите (33% од конечниот збир), за идеалниот тим ќе гласаат и новинарите од македонските медиуми (33% од конечниот збир), како и тимот на 24Ракомет (34% од конечниот збир). Конечниот избор на најдобри ракометари за оваа сезона ќе го добиеме како збир на гласови од сите три сегменти на анкетата на 21 јуни.

Гласањето за читателите се затвора на 20.06.2022 во 12:00 часот.

Лево крило на сезоната: 

Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер) – хрватскиот лев бек ги покажа своите квалитети на натпреварите од Суперлигата, иако впечаток е дека не ги оправда во целост очекувањата на битолските навивачи.

Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) – лидерот на младиот битолски тим предводен од Александар Јовиќ на многу натпревари покажа дека сериозно треба да се смета на него во иднина.

Филип Талески (Вардар) – левиот бек блескаше оваа сезона, особено во пролетниот дел кога играше како препороден и скоро секој натпревар беше меѓу најдобрите стрелци на македонскиот шампион.

Гласајте на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA (АНКЕТА)