ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA (АНКЕТА)

Традиционално, како и секоја сезона, така и оваа, по завршувањето на Супер машката лига го избираме идеалниот тим на сезоната.

По завршувањето на плеј-оф и плеј-аут фазата во Супер машката лига, веќе традиционално тимот на 24Ракомет заедно со нашите партнери, медиумски пријатели и публиката го избираме идеалниот тим на сезоната, оние најдобри ракометари кои ја одбележаа оваа сезона во македонската лига.

Единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот, 24Ракомет ќе ви овозможи и Вам, публиката, да гласате за најдобрите ракометари во сезоната, а вашите гласови ќе тежат 1/3 од конечниот избор на најдобите оваа ракометна 2021/2022.

Номинирани се по тројца ракометари на секоја позиција од кои вие можете да го одберете нaјдобриот.

Покрај позицииите голман, лево и десно крило, лев, среден и десен бек, пивот, има уште две категории во изборот на 24Ракомет.

Ќе можете да гласате и за тренер на сезоната во Суперлигата, како и за млад играч на сезоната.

Вардар ја освои титулата, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје обезбедија место во Европа, додека ниту еден тим не ја напушти елитата, освен Металург кој беше административно исклучен.

Гласајте и изберете ги играчите кои беа најдобри оваа сезона и ќе влезат во идеалниот тим.

*Покрај гласовите од читателите(33% од конечниот збир), за идеалниот тим ќе гласаат и новинарите од македонските медиуми(33% од конечниот збир), како и тимот на 24Ракомет(34% од конечниот збир). Конечниот избор на најдобри ракометари за оваа сезона ќе го добиеме како збир на гласови од сите три сегменти на анкетата на 21 јуни.

Гласањето за читателите се затвора на 20.06.2022 во 12:00 часот.

Според Вас кој е најдобро лево крило во македонската Суперлига за сезона 2021/2022?

Тимур Дибиров ВАРДАР 1961
57.81%
Гоце Ојлески ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
24.58%
Мирко Мајиќ БУТЕЛ СКОПЈЕ
17.61%

Според Вас кој е најдобар лев бек во македонската Суперлига за сезона 2021/2022?

Филип Талески ВАРДАР 1961
54.08%
Павле Атанасијевиќ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
31.49%
Стипе Мандалиниќ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
14.43%

Според Вас кој е најдобар централен бек во македонската Суперлига за сезона 2021/2022?

Јосип Периќ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
66.12%
Страхиња Симиќ ГРК ТИКВЕШ
22.19%
Филип Кривокапиќ ГРК ОХРИД
11.69%

Според Вас кој е најдобар десен бек во македонската Суперлига за сезона 2021/2022?

Куни Моралес ВАРДАР 1961
53.28%
Павле Петровиќ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
36.42%
Жарко Бајрактаревиќ СТРУГА
10.30%

Според Вас кој е најдобро десно крило во македонската Суперлига за сезона 2021/2022?

Ненад Костески ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
51.29%
Гоце Георгиевски ВАРДАР 1961
37.06%
Мице Шилегов ГРК ОХРИД
11.64%

Според Вас кој е најдобар пивот во македонската Суперлига за сезона 2021/2022?

Стојанче Стоилов ВАРДАР 1961
63.43%
Владимир Јевтиќ БУТЕЛ СКОПЈЕ
18.86%
Михаил Аларов ПРОЛЕТ 62
17.71%

Според Вас кој е најдобар голман во македонската Суперлига за сезона 2021/2022?

Мартин Томовски ВАРДАР 1961
55.52%
Мартон Секељ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
24.68%
Благојче Трајковски ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
19.80%

Според Вас кој е најдобар млад играч во македонската Суперлига за сезона 2021/2022?

Петар Атанасиевиќ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
51.34%
Марко Митев БУТЕЛ СКОПЈЕ
37.46%
Марио Мишевски СКОПЈЕ
11.19%

Според Вас кој е најдобар тренер во македонската Суперлига за сезона 2021/2022?

Александар Јовиќ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
45.52%
Давид Дејвис ВАРДАР 1961
33.73%
Кристијан Грчевски БУТЕЛ СКОПЈЕ
20.75%