Игор Мршуља во нов предизвик, ќе игра за шампионатот на Исланд

Средниот бек од Србија, Игор Мршуља по кратката авантура во Јуниор КВ, во новата сезона се сели на Исланд.

Искусниот ракометар официјално беше претставен во екипата на Грота која има високи амбиции за новата сезона.

Мршуља со екипата од Исланд потпиша договор на две сезони. Во Јуниор Кисела вода одигра една полусезона и не успеа со тимот да обезбеди опстанок во Супер лигата.

Во својата кариера беше дел од екипите на Партизан, Волендам, Орошази и Кикинда.