Игор Котевски си поднесе оставка – не е повеќе тренер на Јуниор КВ

Еден од легендите на македонскиот ракомет Игор Котевски повеќе не е тренер на суперлигашот Јуниор КВ. По вчерашниот пораз на Јуниор КВ од Радовиш, искусниот стратег реши да си поднесе оставка.

Јуниор КВ, која сезонава направи камбек во македонската елита, откако минатата сезона заврши на 3. позиција во прволигашката конкуренција, на осум одиграни натпревари во Суперлигата забележа седум порази и заедно со Вардар Неготино се единствените екипи кои сѐ уште немаат остварено победа.

Котевски по краткиот ангажман во Металург направи камбек во Јуниор КВ, но лошите резултати на осум одиграни натпревари беа причина да си поднесе оставка и клубот да им го препушти на другите лица од стручниот штаб.

Довчерашниот тренер на Јуниор КВ, кој има Мастер коуч лиценца, во својата кариера беше предводник и на Бутел Скопје, младинската екипа на Пролет, како и на Голден Арт и со сите споменати екипи имаше забележителен успех.