Игор Вори со нов предизвик, ќе биде тренер на двократен европски шампион!

Легендата на хрватскиот ракомет, Игор Вори, во следните две сезони ќе има нов предизвик во тренерската кариера.

Тој потпиша договор на две сезони со некогашниот европски шампион Гросшвалтат (1979, 1980), кој настапува во Втората Бундес лига.

Актуелниот селектор на машката младинска селекција на Хрватска, имаше краток камбек на ракометните терени како играч на Фуксе Берлин, но сега повторно ќе се посвети на тренерската работа.

„Горд сум што ќе можам да водам тим со голема традиција како Гросвалштат. Едвај чекам да работам со играчите“, изјави Вори.

Хрватскиот кружен напаѓач потекнува од Загреб, а играше за италијанскиот Конверзано, шпанската Барселона, бундеслигашот Хамбург, францускиот ПСЖ, а во меѓувреме три пати се враќаше во Загреб пред да ја заврши кариерата во 2018 година.

Во април 2019 кратко се реактивира во дресот на „плинарите“, како што беше случај и во март оваа сезона, кога одигра неколку меча во дресот на Фуксе Берлин.