Ивано Балиќ бил пред трансфер во Мешков Брест!

Легендарниот Ивано Балиќ кој во богата кариера настапуваше за Сплит, Загреб, Метковиќ, Портланд Сан Антонио, Атлетико Мадрид и Вецлар, бил пред трансфер во белорускиот првак Мешков Брест.

Тоа го откри литванскиот агент Миглус Астраускас во интервју за рускиот „Брз Центар“.

„Со Балиќ се водеа преговори, кога во Мешков Брест дојде левото крило Љубо Вукиќ. Тие двајцата се од Сплит. Ивано сакаше да го промени клубот и да си замине од Атлетико Мадрид. Но побара премногу пари, па немаше понатамошни разговори. Љубо разговараше со Ивано и му кажа најубави работи за Мешков, но сепак трансферот не се случи“, вели Астраускас.

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Милан Ѓукиќ исто така играше за Мешков Брест, но само една сезона.

„Србинот Ѓукиќ исто така јас го донесов во Мешков Брест, но тој брзо заработи повреда, а неодамна играше на Европското првенство. Интересен, технички играч. Пред трансфер во Мешков беше и десниот бек Јуре Доленец, но балканците бараа многу пари, а тогаш во белорускиот тим немаше голем буџет“, вели Астраускас.