Ивано Балиќ се враќа, повторно е дел од репрезентацијата на Хрватска

Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Хрватска на својата редовна седница донесе неколку клучни одлуки за хрватскиот ракомет. Една од од нив беше назначување на помошник на селекторот Хрвоје Хорват, а тоа не е никој друг туку легендата на хрватскиот ракомет, Ивано Балиќ.

Тој е назначен на барање на селекторот Хорват и би требало да допринесе за развој на репрезентацијата. Освен помошник, назначен е и тренер на голмани, а тоа е Нино Павелиќ кој работел како тренер на голманите во Нексе.

Балиќ имаше многу богата играчка кариера, а сега полека влегува и во тренерската работа. Најголемите успеси хрватскиот ракометар ги постигна во тимовите од Шпанија, Портланд Сан Антонио и Атлетико Мадрид, а уште играше и во Бродомеркур, Метковиќ, Загреб и Вецлар.

После неуспехот на репрезнтацацијата на Хрватска на квалификациите за Олимписки игри селекторот одлучи да направи неколку освежувања во тимот. Следните предизвици за Хрватите ќе бидат натпреварите од Евро Купот.