Заокружете ги во календарот: Познати датумите и саатниците за натпреварите на Вардар во ЛШ

Европската ракометна федерација во соработка со клубовите и ТВ куќи кои ги имаат правата за пренос на натпреварите од Лигата на шампионите ги одредија термините и саатниците за првите 10 кола од групната фаза за сезоната 2020/2021.

Од оваа сезона натпреварите во Лигата на шампионите ќе се играат во текот на седмицата, односно во среда или четврток. Единствено нема потврда за дуелот меѓу Вардар и Келце од 8 коло што треба да се игра на 25 или 26 ноември

Своите натпревари на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ екипата на Вардар ќе ги игра во термин од 20:45 часот, со исклучок на дуелот со Келце на 19 ноември што ќе се игра од 18:45 часот.

Од сезонава Лигата на шампионите ќе се игра само во две групи. Вардар е во група со ПСЖ, Келце, ПИК Сегед, Мешков, Порто, Елверум и Фленцбург.

Распоред на натпревари:

1 коло – 16 септември Мешков Брест – Вардар 18:45 часот
2 коло – 24 септември Вардар – Елверум 20:45 часот
3 коло – 1 октомври ПИК Сегед – Вардар 18:45 часот
4 коло – 15 октомври Вардар – Флензбург 20:45 часот
5 коло – 22 октомври Вардар – Порто 20:45 часот
6 коло – 29 октомври ПСЖ – Вардар 20:45 часот
7 коло – 19 ноември Вардар – Келце 18:45 часот
8 коло – 25/26 ноември Келце – Вардар
9 коло – 3 декември Порто – Вардар 20:45 часот
10 коло – 10 декември Вардар – ПСЖ 20:45 часот