Загреб „службено“ ремизираше со Татран, блиску е до дуел со Вардар

Натпреварот меѓу Татран Прешов и Загреб што беше на програмата на 1 мај во 18:30 часот во „Татран Арена“, нема да се одигра.

Иако и двата тима направија напори да закажат термин, сепак не е изводливо за толку кратко време да се организира натпревар, па канцеларијата на СЕХА лига го регистрираше со службен резултат, 5-5.

Тоа значи дека и Татран Прешов и Загреб добиваат по еден бод од овој дуел. За словачкиот првак тоа не менува многу, бидејќи останува на третата позиција во групата.

Татран ќе соочи со српската Војводина, која беше четврта во групата Б, а овие средби ќе се одиграат на 4 и 5 мај во Прешов. Другата осминафинална двојка е Вардар – Металопластика, но термините за овие два дуели ќе бидат дополнително познати.

Сега останува да се доиграат уште два меча, Загреб – Металопластика и Еурофарм Пелистер – Загреб. Дали и кога ќе се одиграат останува отворено прашање. Ако Загреб слави против српскиот тим, тогаш ќе игра со победникот од дуелот меѓу Вардар и Металопластика во четвртфиналето, и нема да му биде важен исходот од средбата со битолчани.

Но од друга страна, ако Загреб нема празен термин да го одигра дуелот со Металопластика, и го загуби службено поради тоа беше одложен поради нивна вина, тогаш се отвара шанса за Еурофарм Пелистер, со победа (на терен или службена сеедно) да биде прв на табелата во групата А и да игра во четвртфиналето против Вардар.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПАРТИЗАН00000
2ТАТРАН00000
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВОЈВОДИНА00000
2НЕКСЕ00000

СЕХА лига, осминафинале

Војводина – Татран Прешов
Металопластика – Вардар

СЕХА лига, четвртфинале (проекција според актуелната табела)

Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
Нексе – Веспрем
Металопластика/Вардар – Загреб
Војводина/Татран Прешов – Мотор