Загреб се посилен – доаѓа Сандро Обрановиќ од Мешков Брест

По Иван Чупиќ, Жељко Муса, Дино Славиќ и Јаков Гојун, хрватскиот првак Загреб донесе уште едно засилување.

Станува збор за левиот бек Сандро Обрановиќ, кој се враќа во редовите на „плинарите“ каде настапуваше од 2013 до 2016 година.

По пет години настапи во унгарскиот ПИК Сегед, францускиот Шамбери и белорускиот Мешков Брест, Обрановиќ ќе се врати во татковината.

Тој потпиша договор на една сезона, со можност да биде продолжен ако двете страни се задоволни од соработката.

Загреб најверојатно ќе биде противник на Вардар во четвртфиналето од регионалната СЕХА лига.