Загреб не доаѓа во Битола – одложен е натпреварот против Еурофарм Пелистер!

Хрватскиот шампион Загреб нема да гостува кај Еурофарм Пелистер во Битола во планираниот термин на 13 април.

„Плинарите“ беа погодени од коронавирус, дел од играчкиот кадар е се уште во изолација, па до вторник нема време да се вратат во тренажен процес.

За битолчани останува шансата да се борат за првата позиција во групата, но мора да слават на тој дуел против хрватскиот првак, и да очекуваат уште еден кикс на Загреб во двобоите со Татран Прешов и Металопластика.

Еурофарм Пелистер досега забележа три победи и два порази во групната фаза, а додека се најде нов терин за дуелот со Загреб, овој месец ќе се посветат само на домашните обврски во суперлигашкиот плеј-оф.