„Женскиот ракомет е уморен од мене и јас сум уморен од женски ракомет“

Добро познатиот дански стручњак, Јан Питлик кој долги години работеше во женската репрезентација на Данска и женскиот ракомет, ќе има нов предизвик но во машка екипа.

Јан Питлик е нов тренер на Сoндерјиске, а после првиот тренинг со својот нов клуб за спорт.tv2.dk ги кажа своите очекувања од новиот предизвик, овој пат со машка екипа каде што започнува да работи после 22 години кариера во женскиот ракомет.

„Женскиот ракомет е уморен од мене, а можеби и јас сум уморен од женски ракомет. Имам потреба од нов предизвик, морав да ја прифатам понудата од Сoндерјиске. Данската лига е многу тешка но ќе дадеме се од себе за да стигнеме до плеј офот. Секако првата година ќе работиме да ги запознаеме останатите клубови, тренерите кои подолго работат во лигата се познаваат подобро и знаат како да играат против одреден тим. Јас треба да го научам тоа, но потребно е време“, рече Питлик.

Данецот еден дел од кариерата помина во Скопје, во ЖРК Вардар кога и беше советник на Индира Кастратовиќ додека таа го предводеше тимот. Питлик со женсата репрезентација е освојувач на два златни медали од Олимписки игри, а исто така и има одличи резултати на Европските и Светските првенства.