Женска лига: Металург на сигурно, Куманово и Чаир ќе ги мерат силите

Во 6. коло од Женската лига слободна е екипата на Вардар, но другите тимови при врвот ги очекуваат нови дуели.

Лидерот Металург е во очекување на нова победа. Во салата во „Автокоманда“ денеска гостува составот на Кузман Вардар Илинден, а средбата почнува од 16:30 часот.

На оваа средба домашните се дефинитивно фаворитки и тука не се очекува никакво изненадување.

Затоа се чека интересен дуел на Куманово и Чаир. Јасно е дека кумановки се фаворитки на овој натпревар, но исто така е познато и дека Чаир во својата деби сезона во сениорска конкуренција игра одлично има добар тим.

Оттаму ова ќе биде интересен дуел кој се игра исто така денеска во Куманово.

ЖЕНСКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 6. КОЛО

САБОТА, 19 ОКТОМВРИ

14:00ч

ГЕВГЕЛИЈА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

16:30ч

МЕТАЛУРГ – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

18:30ч

КУМАНОВО – ЧАИР

Сала: ОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

НЕДЕЛА, 20 ОКТОМВРИ

10:30ч

АЛУШОВСКИ – СТРУЖАНКА

Сала: „Форца“ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

12:00ч

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР

Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Спаско Ќаев и Стојанчо Јовановски од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

17:00ч

СПАРТАК – ДЕСПИНА

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

ВАРДАР Е СЛОБОДЕН

ТАБЕЛА: 1. Металург 15 бода (185:82); 2. Вардар 15 (181:109); 3. Куманово 12 (149:82); 4. Чаир 12 (128:92); 5. Спартак 7 (126:141); 6. Стружанка 6 (131:128); 7. Деспина 6 (126:152); 8. Гевгелија 4 (93:133); 9. Овче Поле СУ 3 (114:125); 10. Ѓорче Петров 3 (90:119); 11. Пелистер 3 (107:138); 12. Кузман Вардар Илинден 3 (100:167); 13. Алушовски 0 (111:173).