Жалуз со порака до фановите: Не ја завршив кариерата

Откако Тунижанецот Ваел Жалуз ја прекина позајмицата од Барселона во Шарт во медиумите се појавија информации дека тоа е крај на неговата ракометна кариера.

Ова беше повод голем број фанови на социјалните мрежи директно да се обратат кај Жалуз, а тој излезе со изјава во која соопштува дека неговаа кариера не е завршена.

„Ви благодарам на сите за важата загриженост и вашите пораки, но жал ми е што не можам да одговорам на сите поединечно. Сакам да кажам дека минав низ тежок период во поглед на здравјето и преживеав благодарение на Божјата волја. Нема потреба да се грижите, се вратив на нормалните активности и тренинзи. Јас го прекинав мојот договор со Шарт на кој се заблагодарувам за поддршката, затоа што веќе нема да можам да играм заради повреда на прстот. Но засега сè уште не ја завршив  мојата кариера, ова е мојата официјална изјава“, напиша Тунижанецот.

Жаел Валуз имаше многу здравствени проблеми во текот на кариерата покрај спортските повреди. Имаше сериозна инфекција на очите по што тој загуби дел од видот на едното око. Лани пролетта имаше бактерија која ги зафатила повеќето абдоменални органи, а последиците кон Жалуз можеа да бидат фатални.