ЕХФ шампионат: Израел ја демолира Бугарија, убедлив старт за Литванија

Еден ден порано од другите два во Летонија и Романија, стартуваше кадетскиот ЕХФ шампионат во Израел.

Домашниот тим имаше одличен старт и во првото коло го демолира составот од источниот сосед на Македонија со 21 гол разлика, 38-17.

Во вториот натпревар од групата Б, Литванија славеше против Грузија со пет погодоци, 34-29. Томас Дракас и Титас Јанусонис искомбинираа 20 гола за литванскиот состав.

Во групата А, јужниот сосед на Македонија оствари триумф над селекцијата на Холандија со 31-25, а најзаслужен за победата беше Димитриос Панајоту со 12 гола.

ЕХФ шампионат Израел, 1 коло:

група А
Холандија – Грција 25-31
Чешка слоб.

група Б
Израел – Бугарија 38-17
Литванија – Грузија 34-29