„ЕХФ треба да сфати дека ова не е фудбал“

Според протоколите на ЕХФ екипите кои ќе учествуваат во европските наптреварувања ќе мораат да имаат негативен тест 72 часа пред секој натпревар.

Протоколите кои мора да се почитуваат се однесуваат на патувањата, сместувањето а исто така е забрането и поздравување помеѓу ракометарите. Доколку има позитивен во тимот, целата екипа ќе мора повторно да се тестира 24 часа пред натпреварот, а потоа ќе биде одлучено дали ќе се игра тој натпревар.

Ваквата обврска на клубовите воопшто не им се допаѓа на Шпанците, а тимовите кои играат во Европа го искажаа своето незадоволство и нагласија дека овие трошоци се премногу големи за нив. Од Бидасоа велат дека ако се пласираат во групите од Лигата на Европа, уште повеќе ќе се зголемат трошоците.

„Ние правиме тестирања од време на време и тоа ни ги зголемува медицинските трошоците. Протоколите на ЕХФ можат многу да влијаат на нас доколку ги поминеме квалификациските рунди. Играњето во групната фаза значи нови 14 натпревари, исто како Барселона во Лигата на шампионите но со нивниот буџет е осум или девет пати поголем“, рече Гуруц Агинагалде.

Исто така и од дебитантот во европските натпреварувања Бенидорм, кој ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа сметаат дека трошоците за тестирање се преголеми.

„Овие трошоци се големи за нас. ЕХФ треба да сфати дека ова не е фудбал и мора да најде решение да ги намалиме трошоците за тестирање“, рече Хавиер Абинзано претседателот на Бенидорм.