Еурофарм Пелистер ќе има шанса да аплицира за Лигата на шампиони, а Охрид и Пролет за Лигата на Европа

Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија денеска донесе одлука со која ги распредели местата во европските купови.

Вардар ќе игра во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел Скопје во Лигата на Европа, а оваа одлука е заснована врз резултатите од минатата сезона.

Сепак битолчани ќе добијат шанса да аплицираат за најелитното европско натпреварување, иако мали се шансите ЕХФ да дозволи две македонски екипи да играат во ЛШ.

Тимовите на Охрид и Пролет, исто така ќе добијат шанса да се изборат за настап во Лигата на Европа преку вајлд-карта, со оглед дека многу европски екипи најавија дека нема да се пријават за настап во оваа конкуренција.