Еурофарм Пелистер и Бабиќ потпишаа и си подадоа рака

Екипата на Еурофарм Пелистер после вчерашното објавување на името на новиот тренер, денеска го претстави пред јавноста во Битола, а воедно беше и потпишан договорот за соработка.

Веднаш после ова следуваше и краток прес во кој тренерот ја даде својата прва изјава.

„Ќе направиме одредена промена во стилот и во тактиката на играње. Верувам дека успешно ќе ја минеме првата ’ракометна пречка’. Ни претстои многу работа. Сакам во овој клуб да настапуваат колку што е можно повеќе репрезентативци на Македонија. Воедно посакувам да имаме и силен младински погон и да бидеме уште подобро од она што сме во моментов. Мислам дека нема да имаме засилувања и дека со овој играчки кадар кој ни е на располагање ќе играме до крајот на сезоната. Врз основа на она што го имаме и ќе ја градиме играта“, коментираше Бабиќ.

Првиот поголем предизвик ќе го има во осминафиналето од СЕХА лигата каде екипата на Еурофарм Работник ќе се соочи со тимот на Нексе. Доколку битолчани бидат подобри тогаш следува четврт-финале против составот на Вардар.